Kатлановска
спа

Спинална декомпресија

Спиналната декомпресија претставува современа неоперативна метода која се применува во третманот на заболувањата на 'рбетниот столб. Со помош на компјутеризиран апарат се изведува контролирано и прецизно дозирано истегнување (екстензија) на 'рбетниот столб, со што се создава негативен притисок во интервертебралните дискови.

Намалувањето на притисокот во дискот може да придонесе за намалување на компресијата врз нервните структури, подобрување на хидратацијата и исхраната на интервертебралните дискови, релаксација на паравертебралната мускулатура и намалување на болката.

Спиналната декомпресија најчесто се применува кај пациенти со дискус хернија, хронична болка слабинскиот дел на 'рбетниот столб, ишијалгија, дегенеративни промени на 'рбетниот столб, спинална стеноза, како и кај пациенти со парестезии (трнење и вкочанетост) на долните екстремитети предизвикани од компресија на нервните корени.

Третманот се спроведува на специјализиран апарат за спинална декомпресија (екстензија), при што силата на истегнување, аголот и времетраењето на терапијата се приспособуваат според клиничката состојба на пациентот. Една процедура најчесто трае од 15 до 35 минути, а бројот на третмани зависи од дијагнозата, тежината на симптомите и текот на закрепнувањето.

Најдобри резултати се постигнуваат кога спиналната декомпресија се комбинира со кинезитерапија и останати процедури од областа на физикалната медицина и рехабилитацијата. Комбинираниот пристап придонесува за намалување на болката, подобрување на подвижноста, јакнење на мускулатурата и подобрување на функцијата на 'рбетниот столб.

Пред започнување на третманот се спроведува специјалистички преглед и проценка на медицинската документација, со цел да се утврди дали пациентот е соодветен кандидат за спинална декомпресија и да се изготви индивидуален план на третман.

Д-р Викторија Трпеска

Kатлановска спа
Катланово, 1000 Скопје,
Република Северна Македонија

Медицински услуги и сместување : 02 2581000 / 070302596
Факс: 02 25 81 032
Мејл: contact@katlanovskaspa.com